Кирил Павловски, нов центар на Гостивар?

Екипата на Гостивар продолжува со засилувањата за следната сезона, успешно финиширајќи ги разговорите со Кирил Павловски како нов играч во борбата под обрачите. Новиот прволигаш разгледуваше неколку опции за овој дел од тимот, а најбрзо ги договори условите со Павловски, кој во следните 48 часа би требало и официјално да го стави својот потпис на договорот со гостиварци.

Претходно тимот на Марјан Србиновски потпиша договори и со Ивица Димчевски и со Никола Ѓурасовиќ, кои минатата сезона ја стартуваа во тимот на Кожув, а во следните денови се очекува да бидат ангажирани уште неколку квалитетни кошаркари со што гостиварци ќе екипираат голем дел од ростерот за новата сезона.

Павловски минатата сезона ја мина во дресот на Работнички, каде немаше позначителна минутажа од тренерот Марин Докузовски.

Се вчитува...