Пех за Ивана Шпановиќ: Европската шампионка скрши коска на стапалото (ВИДЕО)

Европската шампионка од Амстердам 2016 во скок во далечина, Србинката Ивана Шпановиќ доживеа вистински пех на митингот во Нови Сад. По девет месеци се врати на натпреварите, но сега ќе мора повторно да мирува откако скрши коска на стапалото.

30-годишната Шпановиќ на неофицијален митинг во Нови Сад, каде скокна 6,80 метри, ја скрши метатарзалната коска поради што ќе мора да мирува следните два месеци.

„Нема да скокам во јули и во август затоа што скршена е метатарзалната коска на десното стапало“ – потврди Шпановиќ.

 

View this post on Instagram

 

A decent 6.80m after 10 months ?? #backatit #DreaMBIG #ideto #letsgo2020

A post shared by Ivana Španović (@ivanaspanovic) on

Претходно најавуваше дека на Дијамантската лига во август ќе ја брка границата од 7 метри за оваа сезона, но од тоа нема да има ништо. Личниот рекорд на Шпановиќ е 7,24 метри, но во сала.

Се вчитува...