Пеле ги воодушеви Аргентинците: Диего сигурно се смее

Аргентина е новиот светски шампион откако во големото финале во Катар на 22. издание на најголемиот фубалски собир славеше по изведување на пенали против Франција во екстра интересен натпревар.

Честитки до аргентинската репрезентација и Лео Меси за големиот успех испрати и легендарниот бразилски фудбалер Пеле кој напиша дека Диего сигурно се смее од небото и ги воодушеви Аргентинците.

„Фудбалот продолжи да ја раскажува својата приказна како и секогаш на возбудлив начин. Меси го освои своето прво Светско првенство, а со својата кариера тоа и го заслужи. Мојот драг пријател Килијан Мбаше постигна четири гола во едно финале. Каков поклон е тоа што го гледав овој спектакл. Честитки за Аргетнина. Диего сигурно се смее“, напиша Пеле.

Се вчитува...