Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер забележа нов триумф во Суперлигата откако денеска во премиерниот меч од 14. рунда на домашен терен без проблеми славеше против Бисинов фруитленд со 45-31.
Гостите од Велес одиграа одлично прво полувреме, по кое имаа негатива од само два гола (21-19) против големиот фаворит. Сепак, битолчани во вториот дел уфрлија во повисока брзина и на крајот славеа со конечни 45-31.
Цветан Кузмановски со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа осумте погодоци на Ивица Илиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА