Ракометниот шампион на Македонија со стил ја почна натпреварувачката 2025 година со убедлив триумф на домашен терен над МРК Куманово од 46-26 во натпревар од 17. коло од Суперлигата.
Битолчани почнаа фуриозно уште од самиот старт и веќе на полувреме имаа двоцифрена предност од 25-12. Во вториот дел разликата на семафорот само се зголемуваше за на крајот да се дојде до конечни 46-26.
Богдан Радивојевиќ со 11 гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Да Силва и Филипе постигнаа по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА