Македонскиот претставник во ФИБА Еврокупот, екипата на Пелистер во среда од 19 часот го игра последниот натпревар од групната фаза во интернационалното натпреварување. Во „Боро Чурлевски“ гостува кипарски Керавнос во натпревар во кој „зелено-белите“ влегуваат со амбиција да се збогуваат од натпреварувањето со триумф.
За тоа побараа поддршка и од битолската публика која ќе има можност да го проследи натпреварот со билет кој чини 200 денари.
Како потсетување, Пелистер со скор од една победа и четири порази е на дното на табелата без шанса за пласман во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

