Кошаркарите на Пелистер останаа со перфектен учинок, и дојдоа до четвртата победа од исто толку натпревари, и им се приклучи на екипите на Куманово и ТФТ, кои имаат ист скор. Вечерва на свој терен пелистерци беа подобри од Феникс, и го совладаа со 89-68.
Во текот на целиот натпревар, Пелистер беше доминантен и во водство, не дозволувајќи во ниту еден момент гостинот да ја загрози победата. Проблеми домашниот тим имаше само во првата четвртина кога гостите одолеваа и имаа предност, а откако во финишот домашните го презедоа водството, не го испуштија до крајот на мечот.
Во еден момент од последниот период, Пелистер имаше предност и од 26 поени разлика, што беше највисока во целиот меч.
Крстевски со 17 поени беше најефикасен на средбата, Прајс постигна 16. Кај Феникс исто така 16 постигна Златевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

