Е. Пелистер ја продолжува трката со Алкалоид и со Вардар за првото место во Супер-лигата откако ракометниот првак на Македонија вечерва по голема борба славеше на гостувањето против Охрид со резултат. Битолчани цел меч имаа контрола над резултатот, домашниот тим во финишот опасно се приближи, но „пелистерци“ покажаа и квалитет и искуство во клучните моменти, стигнувајќи до значајни бодови.
Охриѓани последното водство го имаа при 4-3, по што Пелистер одговори со четири гола во низа за 4-7, нешто подоцна и за 4-7. „Зелено-белите“ имаа 13-16 до крајот на првото полувреме, во вториот дел за момент повторно дојдоа до „плуа четири“ (15-19), но ракометарите на Охрид не се предадоа, враќајќи се целосно во мечот. Алонсо се реши за игра „седум на шест“ во која Тајник имаше важна улога, разликата се движеше меѓу еден и два гола, кога Хосни на две минути до крајот постигна клучен гол кога Пелистер имаше играч помалку на теренот, за предност од 25-27. Во следниот напад Ивиќ го запре седмерецот на Јукиќ, ставајќи печат на оваа голема победа на актуелниот првак на Македонија.
Хосни со седум гола ги предводеше стрелците на Пелистер, по пет постигнаа Кузмановски и Тајник, а најефикасни во таборот на Охрид беа Ојроникидзе со шест и Тасески со четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА