Пелистер подновен со четири нови имиња, замина на подготовки во Банско

Македонскиот прволигаш Пелистер од денеска се сели во Банско, Бугарија, каде ќе ги реализира базичните подготовки за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на Европа. Освојувачот на Купот на Македонија е посилен за четири нови имиња, кои денеска беа претставени под „Тумбе кафе“, голманот Марко Јовановски, левиот бек Благоја Љамчевски, играчот за врска Оливер Пеев и младиот офанзивец Матеј Цветановски. Од друга страна, од тимот си заминаа искусните Баже Илијоски и Боби Божиновски, како и Бразилецот Фернандо.

Во Бугарија, „пелистерци“ ќе одиграат два пријателски натпревари и ќе го очекуваат противникот на меѓународната сцена. Тренерот Наџи Шенсои се надева дека ќе го докомплетира тимот со уште еден фудбалер во навалната линија, кој треба да се приклучи токму на подготовките во Банско. Договорен е тестот со бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

Се вчитува...