Пелистер „раскина“ со Секуловски, и го назначи Бабунски за нов тренер

Неочекувано, „потреси“ во Пелистер непосредно пред почетокот на подготовките за пролетниот дел од сезоната. Битолските „зелени“ се одлучија на тренерска смена, па така на местото на Марјан Секуловски, кој ја водеше екипата од минатата зима, доаѓа искусниот Бобан Бабунски.
Бабунски, кој до скоро го водеше тимот на Победа, се обврза на соработка до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една автоматски, доколку тимот избори пласман во Првата лига следната сезона.
„Клубот му се заблагодарува на Секуловски и неговиот стручен штаб за професионалноста , посветеноста и стручноста во уште една прилика што излезе во пресрет на матичниот клуб. Нов шеф на стручен штаб е назначен Бобан Бабунски кој се обврза на договор до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката за уште една сезона ако клубот избори промоција во Првата фудбалска лига . Бабунски е на возраст од 54 години и е добро познато име, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија. Во својата тренерска кариера ги водеше Вардар, Работнички и Победа. Неговото претставување и почеток на подготовки е закажано за понеделник деветти јануари 2023 година.“, се вели во соопштението од Пелистер.

Се вчитува...