Пелистер со барање до ЕХФ за одложување на мечот против Шафхаузен

Ракометниот клуб Пелистер објави дека ќе испрати барање до ЕХФ за одложување на мечот од Лигата на Европа против Кадетен Шафхаузен кој треба да се игра на 17. ноември. Од клубот пренесуваат дека поради детектираните позитивни ковид тестови, поради што клубот ги пркеина тренинзите.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека и покрај строгите протоколи, принципиелноста и внимавањето, детектирани се позитивни случаи на ковид-19 во ростерот на екипата. По враќањето на тренинзи на ракометарите кои не се повикани во дресот на националните репрезентација, редовното тестирање пред продолжување со тренинзи евидентирани се неколку позитивни тестови на коронавирус, поголемиот дел асимптоматски.

Клубот ги прекина планираните тренинзи и позитивните случаи заминаа во изолација. Со оглед на тоа што се очекува враќање на репрезентативците и нови тестирања, клубот ќе испрати барање до ЕХФ за одложување на натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа против Кадетен Шафхаузен на 17 ноември во 18:45 часот.

Клубот им посакува заздравување на заразените и наскоро ќе се огласи со следните чекори за обновување на тренинзите“, стои во соопштението од клубот.

Се вчитува...