Пелистер со жалба за судењето: Арбитрите главни актери наместо кошаркарите

Раководството на КК Пелистер објави дека веднаш по завршувањето на натпреварот со МЗТ Скопје е поднесена официјална жалба до соодветните органи во федерацијата поради чудниот судиски критериум на дербито што вечерва се одигра во Битола.

„КК Пелистер ја информира јавноста дека веднаш по мечот испрати официјална жалба до федерацијата поради начинот на кои арбитрите ја делеа кошаркарската правда на овој дуел, во кои наместо кошаркарите, тие се најдоа во главна улога“, се вели во краткото соопштение на битолскиот суперлигаш.

„Пелистерци“ реагираат на судиските одлуки во финишот, кога арбитрите ги исклучија тренерот и официјалниот претставник на битолскиот клуб поради нивната реакција по досуден прекршок на помалку од една минута до крајот.

Комесарот и дисциплинецот ќе имаат полни раце работа, но во секој случај, во период во кој кошарката подолго време тоне како во „жив песок“, ова е антиреклама за спорт што сака да се врати на големата сцена,

Се вчитува...