Пелистер во Данска по победничко деби во Лигата на Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со вечерашниот дуел против ГОГ Гудме (18.45 часот) ќе означи старт на европската сезона. Битолските „фармацевти“ се соочуваат со огромен проблем поради недостигот на официјални натпревари, доцнењето на стартот на СЕХА и откажаниот меч од првото коло од Лигата на Европа против Татабања.

Добра вест за македонскиот вицешампион е перфектниот здравствен билтен, тренерот Бабиќ ги има на располагање сите ракометари, а од долгата листа тој реши од тактички причини во Битола да ги остави Ѓукиќ, Граџан и Кукуловски.

„Гудме е многу добра екипа, моментно е лидер во данското првенство, што доволно говори за квалитетите на овој состав. Најмногу го краси извонредното движење на топката, често играат „еден на еден“ и трчаат без престан 60 минути. Многу се опасни при транзицијата од одбрана во напад, она што ние треба да го сториме е да го контролираме нашиот посед на топка, да имаме трпение во офанзивата, да имаме дисциплинирани шутеви, со што потоа би имале време да се вратиме, да поставиме зона во одбраната и да го забавиме ритамот на мечот. Верувам дека во одбранбената зона ќе бидеме цврсти и на тој начин ќе им создадеме проблеми на Данците“, изјави тренерот Бабиќ во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...