„Пелистерци“ на свечена церемонија им се заблагодарија на пет ракометари

Со завршна церемонија старо-новиот шампион на Македонија, Е. Пелистер го одбележа новиот трофеј во македонскиот шампионат.

На собирот во Битола, „пелистерци“ им се заблагодарија на пет ракометари Урош Борзаш, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Мохамед Шабиб Мамдух и Павле Петровиќ, кои заминуваат од клубот.

Славеничката сезона ја дополни и Е. Пелистер 2, кој по една година се враќа во Суперлигата како шампион во Првата лига.

Првиот тим на битолчани се и кадетски шампиони на Македонија и младински вицешампиони.

Се вчитува...