Ренова по голема битка успеа да стигне до трите бода на дуелот со Борец, триумфирајќи со 2-1 со гол од пенал постигнат во 87. минута.
Гостите од Велес имаат за што да се жалат по драматичниот финиш, откако во 87. минута беше досуден пенал за Ренова. Мишковски ја презеде одговорноста, но голманот успеа да го запре неговиот удар. Судијата Мечкаровски тогаш реагираше, досудувајќи дека голманот прерано тргнал од гол-линијата, по што пеналот мораше повторно да биде изведен.
Овојпат Гафури ја зеде топката од Мишковски и ја смести во мрежата, на голема радост на домашниот тим и разочарување за гостите од Велес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА