Пеналите конечно среќни за Јунајтед, сигурни победи на Тотенхем и Челси (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед конечно победи во Премиер-лигата, откако во 5. коло на домашен терен беше подобар од Лестер со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Маркус Рашфорд во 8. минута од белата точка. Интересно е тоа што, минатите два натпревари фудбалерите на Јунајтед, поточно Пол Погба и Маркус Рашфорд не успеаја да реализираат пенали.

Лондонските ривали Челси и Тотенхем беа уверливи во своите натпревари. Тотенхем на домашен терен го совлада Кристал Палас со 4-0. Избраниците на Почетино уште во првите 25. минути го решија натпреварот, со двата гола на Сон и автоголот на Ламела. Четвртиот гол беше дело на Ерик Ламела во 42. минута.

Челси изненадувачки лесно го совлада Вулверхемптон нагости со 2-5. Тами Абрахам беше прва ѕвезда на сините од „Стемфорд бриџ“ кој постигна хет-трик, а четвртиот гол беше дело на Фикајо Томори. Во вториот дел домаќините го ублажија поразот со автоголот на Абрахам во 69. и голот на Доерти во 85. минута, а конечните 2-5 ги постави Маунт.

Резултати Англија 5. коло:

Манчестер Ј. – Лестер 1-0, Тотенхем – Кристал П. 4-0, Вулверхемптон – Челси 2-5, Брајтон – Барнли 1-1 и Шефилд – Саутемптон 0-1.

Се вчитува...