Пензија не е опција: Алиловиќ со нов клуб на 37-годишна возраст

Хрватскиот ракометен ветеран Мирло Алиловиќ и на 37-годишна возраст е атрактивен за амбициозните клубови ширум Европа. Тој не размислува за пензија, a по истекот на договорот со Пик Сегед на крајот ан сезонава, Алиловиќ кариерата ќе ја продолжи во Полска.

Вицешампионот Висла Плоцк ќе биде следна дестинација на искусниот чувар на мрежата, откако денеска беше потпишан договор на една година, со можност за продолжување на соработката до 2025 година.

„Пресреќен сум што ќе дојдам во Висла. По 12 години минати во Унгарија, ќе бидам во можност да се запознаам со нов јазик, со нова култура. Се надевам дека заедно ќе можеме да оствариме големи работи и врвни резултати“, изјави Алиловиќ по потписот на договорот со Висла.

Се вчитува...