Пеп ќе го предизвика Мурињо – Сити е втор финалист во Лига купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити го победи Јунајтед со 2-0 и се пласираше во финалето од Лига купот на Англија. Водство за „сините“ донесе Џон Стоунс 50. минута, додека конечните 2-0 ги постави Фернандињо со одличен удар во 83. минута.

Во големото финале Сити ќе игра со Тотенхем што значи дека ќе гледаме нова мега пресметка меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо. Финалниот меч е закажан за 25. април, а ќе се игра на „Вембли“.

Се вчитува...