Перез и Лапорта си пружиле рака за пакт меѓу Реал и Барселона

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона постигнаа интересна соработка. Како што наведува „Марка“, претседателите на клубовите Флорентино Перез и Жоан Лапорта се договориле за пакт со кој се запира непријателството во спортскиот сегмент.

Двајцата претседатели си пружиле рака и постигнале вербален договор за меѓусебно почитување за играчите кои имаат договори. Перез и Лапорта наводно се договориле дека нема да ги „напаѓаат“ играчите кои имаат важечки договори, односно нема да влегуваат во преговори со нив.

Овоој договор наводно не важи за фудбалерите на кои им истекуваат договорите и тие ќе може да одат од една во друга екипа без зборот да биде прекршен. На овој потег се решиле двете страни по се погласните шпекулации за трансфери на фудбалери меѓу Реал и Барселона.

Барселона и Реал беа едни од креаторите на идејата за формирање на Супер-лигата која не се реализираше. Останува да се види дали таа идеја ќе заживее во иднина.

Се вчитува...