Перез откри детали од разговорот со Рамос за понудата од Кина: „Нема да го пуштиме беспари“

Шпанските медиуми интензивно пишуваат дека Серхио Рамос, незадоволен од случувањата во клубот, и дефинитивно одлучил ова лето да го напушти Реал Мадрид.

Рамос желбата да замине од кралскиот клуб вчера на итен состанок му ја соопштил и на претседателот Флорентино Перез, информирајќи го дека има богата понуда од Кина која едноставно не може да ја одбие. Па, по состанокот со детали од меѓусебната средба се огласи сега и самиот Перез кој потврди дека постои можност капитенот да ја промени средината…

„Серхио ме информираше дека има понуда од Кина и дека тие поради некои правила не можат да платат отштета. Му кажав дека едноставно е невозможно капитенот да го пуштиме да си оди без пари. Разговорот беше навистина пријателски“ – информираше Перез, притоа дополнувајќи:

„Рамос во моментов го има најголемиот договор со Реал и невозможно е да го пуштиме беспари. Да бидам искрен, тој не ме праша да го пуштиме туку само ме информираше дека добил понуда. Него го сакам како син и искрено зборувавме. Нема да го пуштиме, тој има откупна клаузула и тоа е тоа. Со тоа завршува приказната“.

Рамос досега во дресот на Реал одигра 606 натпревари постигнувајќи и 84 погодоци. Со овој клуб веќе освои 20 трофеи.

Се вчитува...