Перез прави „чистка“, некогашните ѕвезди го напуштаат Реал

Реал Мадрид оваа сезона може да се ослободи од голем број играчи. На чекор од напуштање на клубот се Герет Бејл, Еден Азар, Иско, Марсело, Лука Јовиќ и Хесус Ваљехо. Реал Мадрид оваа сезона повторно ја има цел да ја освои титулата. Доаѓа нова ера во клубот на чие чело како предводник најверојатно од следната сезона ќе биде Килијан Мбапе.

Во клубот дојде Карло Анчелоти, кому управата му верува, а Италијанецот знае како да го води тимот. Истовремено, во клубот има неколку играчи чие присуство не е економски исплатливо. Станува збор за играчи како Иско, Марсело, Азар, Бејл, Јовиќ и Ваљехо. Повеќето од нив се очекува да го напуштат клубот следната сезона.

Ова е важен проблем од кој Реал Мадрид се надева дека ќе се ослободи без многу труд. Заштедените пари Реал Мадрид ќе ги потрошат за потписот на Мбапе и продолжување на договорот со Винисиус Жуниор.

Се вчитува...