Перез за Ибрахимовиќ: Тој е само еден обичен алчен силеџија, ништо друго!

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез откри дека пред неколку години сакал во клубот да го донесе Златан Ибрахимовиќ и да создаде убиствено напаѓачка двојка заедно со Кристијано Роналдо.

Бил и во Париз во тој период по Ибрахимовиќ на разговор, но кога видел со кого си има работа се откажал…

„Многу сакав да го донесам Ибрахимовиќ додека играше за ПСЖ. Сметав дека во тој момент е на исто ниво како и Кристијано Роналдо. Сакав да го спојам со Роналдо и да ја запрам доминацијата на Барселона во Ла Лига, но како преговорите напредуваа видов дека нему единствено му се важни парите и ништо друго во животот. Тој нема друг предизвик во животот пред себе, освен парите, што е навистина жално“ – вели Перез и дополнува:

„Сакаше двојно поголема плата од Роналдо. Состанокот изгледаше како тој да дошол мене да ме потпише, а не јас него. Постојано зборуваше дека ќе преговара само по негови услови. Кога го слушнав тоа му реков само во ред и збогум. Тој ви е еден обичен алчен силеџија. Ништо друго“.

Се вчитува...