Периќ: Горд сум на Пелистер, ова е нашиот најголем триумф

Босанскиот интернационалец Јосип Периќ даде огромен придонес во победата над ГОГ со која Еурофарм Пелистер направи огромен чекор напред во борбата за пласман во следната рунда од Лигата на Европа.

Средниот бек постигна седум гола, но и со успешни асистенции го разигра остатокот од тимот, успевајќи да го надополни отсуството на главниот „бомбардер“ Стипе Мандалиниќ.

„Знаевме како игра ГОГ и одлично се подготвивме за противникот. За нас ова е една голема, голема победа, со оглед на тоа што во нашиот тим недостасуваа голем број играчи. Мислам дека оваа е нашата најголема победа во Лигата на Европа. Многу сум среќен, горд на целата екипа. Многу уживав во овој триумф“, изјави Периќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...