Перишиќ: Го презедовме врвот во Италија, и сега одиме на победа против Јуве

Иван Перишиќ беше стрелец на вториот погодок за Интер во вчерашната победа над Фиорентина во Серија А, најавувајќи враќање во посакуваната форма. Со оваа голема победа Интер се искачи на првото место во Италија и има еден поен повеќе од Милан кој се наоѓа на втората позиција со еден натпревар помалку.

Според Хрватот, триумфот во Фиренца е добредојден за враќање на самодовербата пред реваншот од Купот на Италија против екипата на Јувентус, меч на кој Интер ќе брка негатива од 1-2 по поразот на првиот меч на домашен терен.

“Мислам дека одигравме многу добар натпревар. Создадовме многу можности и можевме да го завршиме мечот порано. Сепак, освоивме важни три бода. Ние сме први, тоа е она што е важно. Во следниот натпревар од Купот на Италија ќе одиме на победа во Торино, загубивме од Јуве бидејќи го немавме Лукаку”, рече Перишиќ.

Се вчитува...