Перишиќ: Се сеќавам на 1998, но ова е друга приказна…

Иван Перишиќ го постигна голот за израмнување и го промени текот на натпреварот, кршејќи ја сигурноста на дотогаш стабилната англиска одбрана. Асот на Интер на крајот од мечот не го криеше воодушевувањето од историскиот резултат, најавувајќи атак на златото во неделното финале против Франција, ривалот што ја елиминираше Хрватска во полуфиналето од СП 1998, резултат што до годинава беше најдобар во историјата на „коцкестите“.

„Ова чувство не се опишува, секоја чест на сите, немам зборови. Малку сме изморени, имаме грчеви, но пред нас се три дена да се подготвиме за финалето. Сите се сеќаваме на таа 1998 година и мечот со Французите, но ова сега е друга приказна. Хрватска ќе игра финале, немаме што да загубиме, а притисокот ќе биде врз нив бидејќи се фаворити“ – истакна Перишиќ.

Се вчитува...