Перишиќ за награда добива плата колку Икарди

Иван Перишиќ е подготвен да ги разреши сите дилеми околу својата иднина и да потпише нов договор со Интер, целосно отфрлајќи ја можноста за преселба во Манчестер јунајтед. Жозе Мурињо не ја криеше желбата да го доведе Хрватот на „Олд трафорд“, но клубовите беа предалеку од договор (Интер бараше 50 милиони фунти, Јунајтед понуди само 35), по што раководството на Интер најде начин да го задоволи својот фудбалер – нудејќи му нов договор.

Со овој договор крилниот офанзивец ќе се израмни со најплатениот фудбалер во екипата, капитенот Мауро Икарди, и ќе добива над пет милиони евра по сезона (плус бонуси). Тоа е доволна причина Перишиќ целосно да ги прекине контактите со „црвените ѓаволи“ и да се насочи кон сезоната во дресот на Интер, под водство на новиот тренер Лучијано Спалети.

„Нероаѕурите“ вечерва во првото коло од новата сезона на домашен терен ја пречекуваат Фиорентина.

Се вчитува...