Перковиќ не освои злато, но испиша историја на СП

Хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ освои сребро во фралње диск на Светското првенство во атлетика во американскиот, Јуџин.

Перковиќ до овој резултат стигна со фрлање од 68,45 метри. За Хрватката ова е дванаесетти медал на големите натпреварувања, а дури петти на светските првенства нешто што не и успеало на ниту една нејзина колешка.

Подобра од неа беше само кинеската, Бин Фенг со фрлање од 69,12 метри, додека бронзата и припадна на Американката Валери Олман со фрлање од 68,30 метри.

 

Се вчитува...