Перуанката Гарсија-Леон ги обедини титулите во брзо одење

Перуанската атлетичарка, Кимберли Гарсија-Леон го освои златниот медал на трката во брзо одење на 35 километри на Светското првенство кое се одржува во американски Јуџин.

Таа до победата стигна со време од 2:39:16 часа и така стигна до второ злато на шампионатот откако пред една недела славеше и на трката на 20 километри. Среброто и припадна на Полјачката, Катажини Здјебло, додека со бронзен медал се закити кинеската Чијанг Шиџиџе.

 

Се вчитува...