Пешевски без промашување, Штутгарт е во четвртфиналето од Купот на Германија

Жарко Пешевски со Штутгарт се пласираше во четвртфиналето од Купот на Германија, откако по голема битка славеше во вечерашниот дуел против Ерланген со 30-26.

Првото полувреме мина во израмнета борба, Штутгарт на полувреме замина со водство од минимални 13-12, за во вторите 30 минути конечно да се одлепи резултатски и да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во германскиот куп.

Пешевски одигра одличен натпревар, постигнувајќи четири погодоци од исто толку обиди.

Се вчитува...