Пешевски со трансфер во Бундес-лигата

Жарко Пешевски ќе им се приклучи на Филип Талески и на Филип Миркуловски како нов Македонец во Бундес-лигата, откако репрезентативниот пивот постигна договор за преселба во редовите на Штутгарт.

Поранешниот капитен на Металург сезонава ја минува во дресот на Мотор, а по одличните игри на стартот од авантурата во украинскиот првак неговата минутажа осетно се намали по тренерската смена. Тоа беше пресудно за Пешевски да размислува за промена на клупските бои, а од неколкуте понуди на негова адреса тој ја прифати онаа на Штутгарт.

Екипата на Штутгарт моментно со 17 бода се наоѓа на 13. позиција на табелата, со осигуран опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...