Пет откази за Тухел пред Лигата на нации

Томас Тухел се соочи со неочекувани проблеми пред првиот предизвик по СП 2026 откако пет од повиканите фудбалери се пожалија на повреди и го откажаа настапот на претстојните натпревари од Лигата на нации.

Кол Палмер требаше да се врати во составот на „гордиот албион“ откако беше изоставен од мундијалскиот список, но асот на Челси се пожали на ситна повреда и нема да му биде на располагање на Тухел во наредниот период.

Од иста причина во составот нема да биде ниту Деклан Рајс од Арсенал, како и тандемот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд – Коби Маину, но и бекот на Њукасл, Тино Ливраменто.

Англискиот селектор во низата ротации досега повика двајца нови фудбалери, и тоа Морган Гибс Вајт од Нотингем форест и Џејмс Гарнер од Евертон.

Англија на почетокот на Лигата на Нации на 26 септември ќе се сретне со новиот светски првак Шпанија, потоа на 29 септември ќе гостува во Чешка, на 3 октомври ќе следи дуелот на гостински терен со Хрватска, а серијата натпревари ќе се заокружи со домашниот дуел со Чешка на 6 октомври.

Се вчитува...