Петмина фудбалери на Црвена Звезда позитивни на коронавирус

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда објави дека фудбалерите Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ добиле позитивни резултати на коронавирус по направените тестови во соработка со Заводот за медицинска технологија.

„Споменатите фудбалери се чувствуваат добро и се наоѓаат во строга изолација и се во постојан контакт со медицинските лица во клубот. Гобељиќ, Јованчиќ, Петровиќ и Конатар имаа симптоми на болеста пред мечот од последното коло против Пролетер, кога беше направено тестирањето и поради внимателност тој ден не беа на стадионот. Бранко Јовичиќ нема симптоми, но неговите резултати се позитивни“, стои во соопштението од Црвена Звезда. 

Од клубот наведуваат дека важно е тоа што сите други членови на клубот кои биле во контакт со петмината фудбалери се негативни на вирусот.

Се вчитува...