Петровиќ: Без АБА нема да има квалитетна кошарка во екс-ју државите

Легендарниот хрватски кошаркар, а подоцна и успешен тренер Александар Петровиќ е дел од АБА Суперкупот кој овие денови се игра во главниот град на Црна Гора, Подгорица. Таму тој говореше за медиумите на повеќе теми, а една од нив беше и силното регионално првенство.

Петровиќ кој и неодамна ја пофали АБА лигата овој пат изјави дека таа има големо значење во успехот на поранешните југословенски држави на последното Светско првенство и дека е најдобар можен проект за подобра иднина на регионалната кошарка во моментот.

„Мислам дека неодмана завршеното Светско првенство покажа дека во регионот се игра многу добра кошарка. Треба да се напоменат резултатите. Србија освои сребро, Словенија е седма, а Црна Гора 11. во светот. Тие резултати се навистина фантастични. Ако знаеме колку играчи што директно што индиректно играа во АБА во последните години, тогаш доаѓаме до јасен заклучок дека тоа им помогна многу на овие репрезентации да направат добри резултати.

Фактот дека АБА лигата е потребна на сите држави во регионот, не само ние да се собираме, туку едноставно ако сите се затвориме во нашите мали национални првенство големо е прашањето што ќе имаме од тоа. За сите најдобри клубови од опкружувањето ова е најдобар проект кој можат да го добијат во моментот“, изјави Хрватот.

Се вчитува...