Петрушев преживеал вистински пекол во Грција (ФОТО)

Српскиот кошаркарски репрезентативец Филип Петрушев преживеал вистински пекол во Грција. Додека бил на одмор со својата девојка доскорешниот играч на Црвена Звезда морал на своја одговорност да бега од страшните пожари кои и ова лето го зафатија нашиот јужен сосед.

За страшните сцени говореше неговата девојка Тијана која на социјалните мрежи објави фотографии и го раскажа своето патишествие од 10 километри.

„Десет кимолетри бегавме по плажата и се гушевме од димот апсолутено препуштени сами на себе. Стигнавме до другиот хотел каде што требаше да бидеме безбедни и да почекаме некој да дојде по нас, но никој не дојде. Пожарот ни се доближи толку блиску што повторно моравме да бегаме како знаеме. Не знаевме ни каде одиме. По четири часа дополнителна агонија повторно одевме пеш, па со комбе и повторно пеш за на крајот да стигнеме до пат и да дојдеме до автобус. Повеќе од 20 илјади луѓе беа евакуирани“, открива Тијана.

Се вчитува...