Петто злато и рекорд на шампионатите за Шели Ен Фрејзер-Прајс

Легендарната јамајканска спринтерка, Шели Ен Фрејзер-Прајс стигна до нов, петти златен медал на 100 метри на Светските првенства. Таа доцна синоќа во неверојатна трка славеше на делницата од 100 метри на шампионатот во Јуџин, САД со време од 10.67 секунди.

Овој резултат е нов рекорд на шампионатите, откако за три стотинки успеа да го подобри времето на легендарната Американка, Мерион Џонс од шампионатот во Севилја во 1999 година.

Второто место и припадна на сонародничката Шерика Џексон која доцнеше шест секунди зад времето на победничката, а јамајканската доминација ја потврди двократната олимписка шампиона Илејн Томпсон-Хера која делницата од 100 метри ја заврши со време од 10.81 секунда.

 

Се вчитува...