Пиеле алкохол во олимпиското село па сега ги чека казна

Организторите на Олимписките игри покренаа истрага откако неколку спортисти се фатени како пијат алкохол во олимпиското село, притоа прекршувајќи ги правилата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Сеуште не е познато колкав број на спортисти биле фатени на дело, ниту од кои држава тие доаѓаат, но правила се јасни. Алкохол може да се пие, но само во собите и само доколку тие се сами.

„Вршиме истрага на случајот и ќе превземеме соодветни мерки на основа на тоа што ќе го откриеме“, изјави извршниот директор на Игрите, Таширо Муто.

Се вчитува...