„Пијаниот Американец“ ги продаде акциите во Челси

Инвестицискиот фонд „Клирлејк Капитал“ сега е доминантен сопственик на Челси откако постигна договор за откуп на акциите на претседателот на клубот, Тод Боели и директорот Марк Волтер.

Боели, Волер и „Клирлејк Капитал“ заеднички го откупија клубот од поранешниот газда Роман Абрамович по почетокот на воениот конфликт во Украина, но оваа ера беше одбележана со серија тренерски смени, промашени скапи засилувања и најважно од се – слаби резултати.

Боели особено се најде на удар на навивачите, добивајќи го прекарот „пијан Американец кој не знае што прави“, посочен како главен виновник за хаосот што владееше во Челси.

Тој на крајот реши да ги продаде акциите што ги поседува, англиските медиуми најавуваат дека Боели и Волтер ќе добијат нешто повеќе од 500.000 фунти за оваа трансакција. Покрај нив, својот дел од акциите ги продал и швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис, па сега со Челси целосно раководи „Клирлејк“, поточно неговите ко-основачи Бехдад Егбали и Хозе Фелисијано.

Се вчитува...