Пик Сегед ги запре Манасков и Веспрем

Победничката серија на Дејан Манасков и Веспрем беше прекината денеска, откако македонскиот репрезенативец со својот тим претрпе пораз на големото унгарско дерби против Пик Сегед, со резултат 25-23.

Веспрем се обиде да се одмазди за поразот на домашен терен во октомври, но во неизвесна завршница повторно потклекна во пресметката со големиот ривал. Резултатот на полувреме гласеше 10-10, за во вториот дел Пик Сегед да успее да создаде минимална предност што потоа ја задржа до самиот крај.

Манасков со пет гола беше најдобар стрелец кај Веспрем, исто колку Македонецот постигна и Момир Илиќ. Најдобар поединец во таборот на Пик Сегед беше Шоштариќ со шест погодоци.

Само за потсетување, Пик Сегед е потенцијален противник на Вардар во четврт-финалето од Лигата на шампионите, доколку двата тима ги минат осминафиналните пречки во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...