Пике со порака до Лапорта: Ако бев претседател, ќе ги шутнев сите блиски соработници кои се токсични!

Жерард Пике беше одново гостин во емисијата на Ибаи Ланос на стриминг платформата Твич, па како и обично, не ја испушти приликата да излезе со интересни изјави поврзани за неговиот клуб. Пике никогаш не криел дека негова голема желба е еден ден да биде претседател на Барселона, но ставајќи се во улогата на Жоан Лапорта во овој момент, нагласи дека би вовел доста промени, но би започнал со радикален потег.

Стоперот на Барселона смета дека најблиското опкружување на клубот со надворешни соработници е доста токсично и му дава лош имиџ на клубот, па затоа би почнал со промени од таа страна.

„Ако бидам претседател, ќе променам доста работи. Ќе го направам клубот помодерен и ќе го шутнам цело блиско опкружување на клубот бидејќи тоа е токсично. Секој оној што се чувствува прозван и што се смета за блиско опкружување како надворешен соработник, ќе јаде клоца во задникот“, потенцира Пике.

Се вчитува...