Пикфорд добива смртни закани откако го повреди Ван Дајк: Ангажирано дополнително обезбедување

Џордан Пикфорд и неговата сопруга ангажирале приватно обезбедување по добиените смртни закани. Голманот на Евертон побарал дополнителна заштита по дербито со Ливерпул во кое го повреди Вирџил Ван Дајк.

Англискиот голман стравува за безбедноста на своето семејство откако доби бројни закани од навивачи на Ливерпул поради повредата на фудбалерот на „црвените“.

„Џордан е шокиран од нивото и жестокоста на упатените закани кон него и неговата сопруга кои ги добива по дербито со Ливерпул. Одлучен е да направи се што е потребно да ја осигура безбедноста и мирот на своето семејство“ – вели за „Дејли мејл“ близок пријател на семејството.

Обезбедување има пред вилата на Пикфорд, а целото семејство по мечот воопшто не го напушта домот освен за задолжителните обврски, и повторно со обезбедување, но и сите во семејството одлучија привремено да ги исклучат сите профили од социјалните мрежи.

Се вчитува...