Пикфорд: Не сум бил ни роден кога Англија последен пат играла полуфинале

Џордан Пикфорд беше херој во пенал-рулетот против Колумбија, а англискиот голман во ист стил продолжи и на денешното четвртфинале со Шведска, со три интервенции не дозволувајќи им на ривалите да ја затресат неговата мрежа. Еуфоричен по пласманот меѓу најдобрите четири селекции во светот, Пикфорд истакна дека очекува оваа англиска генерација да испише сопствени страници во историјата на „гордиот албион“.

„Не сум бил ни роден кога Англија последен пат играла полуфинале од едно Европско првенство. Цело време велиме дека одиме натпревар по натпревар, за да испишеме сопствена историја. Знаевме колку ќе биде тешко, знаевме како ќе игра Шведска, добро се подготвивме и стигнавме до победата. Голема благодарност и до фановите за атмосферата што ја создаваат, навистина се специјални и прават да уживаме во атмосферата и да играме уште подобро“ – изјави Пикфорд.

Последниот полуфинален меч на СП Англичаните го играле во 1990 година, кога на пенали загубија од Германија со 4-3, откако мечот по 120 минути игра заврши 1-1. Трагичари на „гордиот албион“ во тој пенал рулет беа Пирс и Водл, кои ги промашија ударите од белата точка во четвртата и петтата серија.

Се вчитува...