Пикси кон новинар: Зошто ако? Има да се пласираме на тоа светско првенство!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси искажа неверојатна одлучност во искажување на очекувањата од денешниот одлучувачки натпревар за Србија на патот кон СП 2022.

Србите гостуваат на Португалија во директната пресметка за првото место во групата и место на Мундијалот. Португалците очекувано ја носат фаворитската улога, но Пикси се обидува да им всади победнички менталитет на фудбалерите…

На прашањето за „евентуален пласман во Катар на Мундијалот“ и ќе биде ли тоа негов најголем тренерски успех, Пикси категорично:

„Зошто бре ако? Зошто евентуално? Има бре да се одиме на Светско првенство, нема тука што ако!“ – самоуверено порача Стојковиќ, притоа дополнувајќи:

„Ти за да одиш на Светско првенство, мораш да добиеш некој голем тим. И зошто да не го добиеме? Кажете ми причина зошто не би победиле? Што имаат тие а што немаме ние? Крилја? Летаат? Не разбирам“.

Се вчитува...