Пикси: Ние Србите сме медицински феномени

Драган Стојковиќ – Пикси жестоко ги нападна српските репрезентативци поради неуспехот во обидот да се обезбеди пласман на ЕВРО 2020.

„Некој на почетокот од квалификациите да ни дадеше да си го избереме најлесниот пат до ЕВРО, мислам дека не постоеше подобра опција од тоа да ни треба победа во Белград на Шкотска. Не ми е јасно како можеа да одиграат толку слабо, што им беше во главите и дали воопшто се свесни каква шанса е пропуштена. Ние Србите сме медицински феномени кога упропастивме ваква можност“, изјави легендарниот фудбалер во разговор за „Информер“.

Токму името на Стојковиќ се споменува како главен кандидат за нов селектор на Србија, но тој не сака да разговара на оваа тема.

„Кога сега не се пласиравме на ЕП, кога можеме да се пласираме. Сега не е време да се разговара за селектор“, истакна Пиксе.

Се вчитува...