Пикси влета во соблекувалната на славјето на играчите: „Што е ова? Дали сте нормални? Ма, одете во п..ку…“

Србија вчера со триумфот од 1-2 на гостувањето во Лисабон против Португалија дојде до директен пласман на Светското првенство следната година во Катар.

Сето тоа сосема очекувано донесе огромно славје во соблекувалната на Србите каде покрај очекуваното скандирање „Одиме во Катар“ можеше да се слушне и „Дајте го Бразил да си играме“.

Во соблекувалната и еден од најзаслужните за успехот на Србија, селекторот Драган Стојковиќ – Пикси кој ја делеше радоста со фудбалерите, одлучувајќи и во еден момент да им се обрати…

„Само малку нешто да кажам. Да ве прашам нешто ама онака искрено. Дали сте вие нормални, што правите вака? Ма, одете во пи..у…“ – низ смеа прокоментира легендарниот Пикси.

Се вчитува...