Пикси за легендарниот дуел со Марадона од СП 1990: „Сега ќе ти покажам кој сум јас…“ (ВИДЕО)

Судбината одлучи фудбалската репрезентација на СФР Југославија последниот меч да го одигра против Аргентина на најдобриот фудбалер во светот Диего Армандо Марадона. Селекцијата предводена од Ивица Осим се сретна со „гаучосите“ во четвртфиналето од Светското првенство во Италија. Драган Стојковиќ Пикси, Роберт Просиченчки, Златко Вујовиќ, Дејан Савичевиќ, Сафет Сушиќ, како и нашите Дарко Панчев и Вујадин Станојковски беа дел од последната репрезентација на поранешната земја.

Југославија во меч во која беше подобра загуби по изведувањето на пенали, а Пикси во неколку наврати има говорено за неговото среќавање со Диего Марадона.

„Бев од една страна на теренот на загревање, а тој на друго. Го следев што прави и онака си говорев во себе, се разбира без потценување бидејќи тој беше недопорлив. Си кажав „Денеска ќе ги одмериме силите, ќе ти покажам кој сум и што сум“. Тоа беше екстра мотивација за мене. Штета што не го допивме мечот, но шансите што ги промашивме, не смеевме да ги промашиме. Едноставно топката не сакаше во гол и судено беше Аргентина да оди понатаму, а ние незаслужено испаднавме“, изјави Стојковиќ. 

 

Се вчитува...