Пипан доби „клоца“ од Задар, на негово место уште еден екс-тренер на МЗТ

Поранешниот македонски селектор Алеш Пипан остана без клупски ангажман денеска му беше врачен отказ од страна на управата на Задар.

Хрватскиот клуб очајно ја стартуваше сезоната губејќи ги првите четири средби во АБА-лигата, по што бесните навивачи причината за слабите игри ја посочија токму во словенечкиот стратег, познат по својот незгоден темперамент.

На денешниот состанок меѓу раководството на Задар и Словенецот била донесена одлука за разделба, по што челниците на клубот веднаш ја почнаа потрагата по нов тренер. Изборот падна врз уште еден поранешен тренер на МЗТ Скопје, Хрватот Анте Назор, за кого ова ќе биде  трета авантура на чело на Задар.

Само за потсетување, Задар пред околу еден месец го договори ангажманот на поранешниот НБА шампион Глен Дејвис. Сепак, американскиот кошаркар по само неколку дена реши да си замине, како главна причина наведувајќи го „ненормалниот однос и навредите што тренерот редовно ги упатува кон играчите“.

Се вчитува...