Пирели во војна со тимовите во Формула 1

Италијанската компанија Пирели влезе во битка со тимовите во Формула 1, кои изгласаа дека не се согласуваат со новите гуми понудени од страна на овој производител. Наместо тоа, Ф1 тимовите изгласаа дека најдобро ќе биде да се остане на гумите кои се користеа во 2019 година, давајќи му голем удар на Пирели, кој потроши милионски суми на иновации и тестирања во текот на годинава, за да изнесе на пазарот идеален продукт, нешто што сепак нема да се случи во 2020.

„Научените лекции ќе бидат непроценливи за натамошниот развој на гумите“ – се вели во соопштението на ФИА.

Од раководството на Пирели засега не се огласуваат по ваквиот бунт на тимовите, додека Здружението на возачи неодамна гласно побара поиздржливи пневматици, со што би можеле да понудат подобри изданија на патеките.

Гумите на Пирели се користат во Ф1 уште од 2011 година, а во последните неколку сезони имаат тенденција лесно да се прегреат ако интензивно се користат, поради што возачите и тимовите мораат да внимаваат на „менаџирање на гумите“ многу повеќе отколку на тркачкиот аспект од трките.

Се вчитува...