Пирло: Гвардиола ме посакуваше во Барселона…, да се прашував јас ползејќи ќе тргнев

Едно од најславните имиња на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло кариерата ја почна во Бреша а во 1998 година се пресели во Интер. Во 2001 година потпиша за Милан со кого ја покори Европа освојувајќи се што може да се освои.

По десет сезони во Милан реализираше трансфер во Јувентус каде исто така освои низа трофеи, но не и Лигата на шампионите.

Во својата автобиографија, Пирло открива дека можел да се проба и во некоја од другите европски лиги и жали што Милан не се согласил на повикот на Гардиола и не го продал во Барселона. Каталонците инсистирале, но Берлускони воопшто не сакал да разговара.

„Се сеќавам дека разговарав со Гвардиола кој ми рече дека Барселона е со километри подалеку од сите останати клубови, што подоцна се покажа за точно. Бараше фудбалер во средниот ред кој ќе игра со Чави, Иниеста, Бускетс… и кој ќе знае да соработува со Меси. А, според него, тоа бев јас и само јас“ – вели Пирло и дополнува:

„Беше убеден дека имам се што е потребно за да бидам еден од главните во неговиот тим. Да бидам искрен, да се прашував јас со ползење ќе одев до Барселона. Беше тоа најдобрата екипа во светот. Сепак, некои други нешта одлучија во која насока ќе ми оди кариерата“.

Се вчитува...