Пирс: Шеј е подобар од Коби, Леброн, Дурент… тој е како Мајкл Џордан

Поранешниот славен кошаркар на Бостон Селтик, Пол Пирс кој го има своето место во Куќата на славните има само пофални зборови за кандаскиот кошаркар на Оклахома, Шеј Гилџус-Александер кој го спореди со Мајкл Џордан.

Пирс верува дека тој ги надминува кошаркарите како Коби, Леброн и Дурент и нешто што го разлика од нив е гладтта и фокусот на секој натпревар.

„Едноставно не можеш да го запреш. Знаете, почнува да ми наликува на Мајкл Џордан. Тоа се гледа. Тој е како добро подмачкана машина. Знам дека ги имавме Коби, Леброн, Дурент кои се неверојатни ефикасни, но ова момче постигнува 30 поени во континуитет. Таков фокус и глад не се гледа често“, изјави Пирс.

Се вчитува...