Питер Крауч на стари години влезе во историјата

Со погодокот со кој на Стоук му обезбеди бод против Евертон (1-1), Питер Крауч влезе во историјата на англиската Премиер-лига.

36-годишниот англиски напаѓач стана најстариот фудбалер што постигнал 100 гола во Премиер-лигата. За овој подвик на Крауч му беа потребни 15 години. Својот прв погодок го постигна во 2002 година во дебито за Астон Вила против Њукасл за кој тогаш играше легендарниот Алан Ширер.

Крауч, синоќа против Евертон го одигра својот 419 натпревар во Премиерлигата, во последните 20 години играше за 10 различни клубови. Јубилејниот гол го прослави со популарниот „робот“, а вчера имаше и дополнителен мотив за прослава бидејќи постигна гол во четири натпревари по ред, по лошата серија од 21 натпревар без погодок.

Само 25 фудбалери пред Крауч успеале да ја надминат магичната 100-ка во Премиер-лигата.

„Не размислуивам за 100-те голови, размислувам само за успехот на екипата. Убаво е да се постигне ова, во тоа друштво се фантастични играчи на кои јас им се восхитувам. Долго бев „заглавен“ на 96 гола, беше фрустрирачко бидејќи не играв. Во тој период сфатив дека не сакам да седам на страна“ – изјави Крауч.

Се вчитува...